(ФОТО) ИЗДАВА КУЌА НА МИЛИОНЕРИ: Открива која е тајната на неговата работа
Објавено во: Финансии 20 Јули, 2017
Амир Бенеш, е агент за недвижности кој издава луксузни куќи за милионери и вели дека за успех во оваа работа потребно е да бидете опкружени со луѓе кои сакаат да работат и имаат визија.
Негови клиенти се богати луѓе кои сакаат луксузен одмор на егзотични дестинации со добра услуга.
На располагање има 3500 куќи на 37 дестинации ширум светот.
„Во работата сум многу прецизен, знам што сакам. Многу сум директен, доследен и знам што сакам да постигнам“ - вели тој.
Раскажува дека цел живот патува и пред 15 години дошол на идеја за еден ваков бизнис.
Бенеш вели дека многу е важно човек да има идеја за бизнис. Објаснува дека работи со познати личности затоа што тие имаат пари и се фокусирани на места како Сен Тропе, Миконос и други места.
За познатите вели дека сакаат места каде има збидувања и забава.