18 Април, 2024
0.0264

(ФОТО) ЈАПОНЦИТЕ ЗАНЕМЕА ПРЕД НЕЈЗИНАТА УБАВИНА: Елеганција каква и стои само на Меланија Трамп!

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Јапонскиот премиер Шинзо Абе допатувал во придружба на сопругата Аки во Соединетите Американски Држави, каде ги дочека новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.

Откако како нов претседателски пар се најдоа во екот на светската јавност, на сметка на Меланија стигнаа многу критики, но во едно се сложуваат дури и оние кои не можат да ја поднесат-нејзиниот стил на облекување е апсолутно беспрекорен.

Тоа го докажала при дочекот на Јапонците каде заблескала уште при слетување на авионот.

Нејзините широки бели панталони, кои ги комбинирала со црна кошула станаа главна тема на модните експерти и портали, а првата дама собрала само пофалби.

А потоа се пресоблекла и воодушевила уште повеќе, како присутните гости, така и цел свет што фотографиите се појавија.

Меланија ја понела гостинката Аки во обиколка на јапонскиот музеј и градина, а за таа прилика облекла долг бел фустан бела наметка со долги резови долг ракавите.

Она што посебно ги воодушевило дамите е тоа што Меланија со оваа елегантна комбинација облекла балетанки, наместо напорни, високи штикли.

Во прашање е прошетка, а првата дама на Америка, очигледно удобноста ја става пред изгледот, поради што исто така собрала голем број пофалби.

Како шлаг на тортата, третата комбинација на убавата сопруга на Доналд била тесна црна тоалета од чипка.

ФОТО: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре