20 Април, 2024
0.0486

Фото: Како домар може да стане милијардер

Објавено во: Стил 05 Април, 2013

Добивај вести на Viber

До Вон Чанг и неговата сопруга Јин Шок во 1981 година од Кореја се преселиле во САД. До Вон на почетокот бил принуден да работи три работи истовремено. Тој се вработил како домар, работник на пумпа и во кафетерија. По три години брачниот пар собрал доволно пари да го отвори својот прв бутик. Можеби сте слушнале за ланецот на бутици „Forever 21“, а можеби и не. Станува збор за пионерски потфат наречен „брза-мода“, кој подоцна прерасна во мултинационален. Денес „Forever 21“ има вкупно 480 продавници и прави годишен профит од неколку милијарди долари. Чанг го отворил бутикот заедно со неговата сопруга. Во работата се вклучила и неговата ќерка Линда која е маркетинг директор и втората ќерка Естер, која е одговорна за планирање и дизајн на излозите. „Многу е важно моите ќерки да сфатат колку напор сме вложиле во оваа работа“, изјави Вон. „Всушност кој би се однесувал подобро кон вашиот бизнис од вашите деца?“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган