Добивај вести на Viber
Иако Анџелина Џоли и Бред Пит имаат повеќе автомобили, тие најчесто се забележани со својот „Lexus LS 460 F Sport“. Овој модел е познат како многу сигурен, но истовремено и како луксузен автомобил.
За прв пат е претставен во 2007 година. Новиот „Lexus LS 460 F Sport“ е петта генерација на моделот. Има 386 коњски сили и 8 брзини.
Меѓу вградените додатоци овде спаѓаат и контрола на температурата на седиштата, како и на воланот, но и „Blu-Ray“ екран за задните седишта.
Цената на автомобилот започнува од 90 000 долари.