(ФОТО) КАКОВ СТАН ЌЕ ИЗНАЈМИТЕ ВО СРБИЈА ЗА 150 ЕВРА: Од кутија до лускуз
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2017
За разлика од Белград, во помалите места имате избор на станови кои можете да ги изнајмите за 150 евра.
150 евра е прилично реална и пристојна цена за условите во Србија.
За оваа сума на пари немате многу избор во Белград. За 150 евра во српската престолнина може да се најде стан на периферија, но претежно се тоа станови кои не се многу опремени за живот.
Во Белград за 150 евра може да се најде гарсоњера од 14 квадрати.
За истите пари во Нови Сад има стан од 30 квадрати.
Во Крагуевац за 150 евра може да се најде стан од 42 квадрати.
Во Ужице нема голема избор за 150 евра, но може да се најде стан од 26 квадрати.
Најповолно е во Нови Пазар каде стан од 80 квадрати се издава за 70 евра.