29 Март, 2024
0.0363

ФОТО: Kарневалска треска во Рио де Женеиро

Објавено во: Стил 09 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Под дожд од конфети и звукот на фанфарите, дебелиот крал Момо од градоначалникот на Рио де Женеиро, Едуард Паес го доби симболичниот клуч на градот и го означи почетокот на карневалот, кој е петдневна свеченост, чиј максимум ќе се достигне со колоната од школите за самба на „самбадромот“.

- Ова е момент кога му ја предавам функцијата на величествениот крал Момо, за да може под негово управување градот да се забавува. Нека биде мир и веселба, извикнна Паес.

Градоначалникот му се поклони на кралот Момо, 150 килограми тешкиот „симбол на се што е премногу на карневалот“, кој бил во придружба на кралицата и две принцези.

- Горд сум што ќе ја предводам оваа свеченост на петдневните лудории. Ова е прослава за целиот свет. Го прогласувам карневалот во Рио за отворен, изјави кралот Момо, 33-годишен банкарски службеник чие вистинско име е Милтон.

Милтон е „крал Момо“ веќе петта година по ред. Оваа титула, која секоја година мора да ја освои во тесна конкуренција, му носи награда од 10.000 долари.

Градските власти очекуваат присуство на повеќе од 900.000 домашни и странски туристи. За безбедноста на посетителите се ангажирани 14.500 полицајци.