25 Април, 2024
0.0259

ФОТО: Куќата на Бил Гејтс, една и единствена!

Објавено во: Стил 06 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Бил Гејтс живее во куќа во местото Медина, во сојузната држава Вашингтон, со поглед на истоименото езеро. Инаку поголем дел од куќата е под земја, така што сликите не ја доловуваат целосно.Имотот се проценува на 148 милиони долари. Само за даноци 2009 година биле бил платен износ од 1 милион долари. Гејтс потрошил и 14 милиони долари, за да ја купи околната земја, со цел да не биде вознемируван од никого. Изградбата на домот траела 7 години. Куќата е наречена „Xanadu 2.0“. На целопт под има има греење, вклучувајќи ги и ходниците.  300 мајјстори ја граделе оваа куќа, од кои 100 биле електричари. Во домот има најнова и најмодерна технологија и се користат вкупно околу 82 километри оптички кабли. Членовите на семејството, како и гостите, добиваат микрочип со кој се контролира во секоја соба во која ќе влезат и тоа од осветлување, греење, музика, па дури и украсите на ѕидовите. Обезбедувањето во домот е одлично, има скриени камери и сензори насекаде.  Се внимавало и на најситни дерали. Така и секоја рачка на вратата е посебна и чини 2000 долари. Некои врати тежат над 360 килограми, но се урамнотежени за лесно отворање.Бил Гејтс има голема библиотека и секако базен со големина 5.1 на 18 метри и куќичка крај базенот со површина од 362 квадратни метри. Тој има сала за гости, во која можат да бидат поканети до 150 лица.  Инаку како најчудната атракција е собата со трамболина која има висок таван и милијардерот може да скока колку што сака. Инаку нема многу фотографии од внатрешноста на домот, бидејќи Гејтс не пушта новинари внатре. Од време на време, сепак, тој прави тури со добротворна цел. Во 2009 година прошетка низ домот на Гејтс чинеше 35 000 долари, во која бил вклучен и лесен аперитив.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти