16 Април, 2024
0.0229

(ФОТО) Куќа која воодушеви цел свет: Може да се спакува и постави каде и да посакате!

Објавено во: Стил 15 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Куќа која може да ја спакувате и преселите некаде на друго место? Не, не се работи за научно фантастичен филм, туку за современа технологија која тоа го овозможува. За само неколку часа оваа куќа може да ја „распакувате“ на било која друга локација.

Оваа куќа под името Кода е направена од бетон и други силни материјали, но за разлика од класичните куќи, конструкцијата може да се спакува и повторно да се стави некаде на друго место без темели.

Кујна, купатило и спална соба се сместени позади, како на својот станар би му овозможиле приватност, додека напред има голем стаклен ѕид кој обезбедува многу светлина. Соларните панели на кровот создаваат енергија, а куќите се модуларни, па можат да се стават и во поголеми објекти.

Благодарение на вакуумскиот изолиран бетон температурата во куќата е таман, без разлика дали е лето, дали е зима.


Проектантите од Кодасем велат дека во овој објект може да живеете, да го користите како куќичка за одмор, канцеларија, работилница, училница, кафе бар, и што и да ви падне на памет.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре