19 Април, 2024
0.0255

(ФОТО) Куќа отпорна на земјотрес

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Оригами куќата е дизајнирана за еден млад пар, така што да  ги издржи силните налети на ветрот и земјотреси ...

Архитект „Yoshiaki Tanaka“ од „TSC Architects“ ги искористил овие 146 квадрати затворен простор за дизајн на дом кој ќе одговара на потребите на сопственикот .

Оригами куќата е изградена за еден млад пар. Куќата се наоѓа во старите јапонски префектури Mie, опкружена со планини, па овој модерен дом има поглед на прекрасната природа. Исто така, јапонската култура доаѓа до израз при создавањето на структурата на куќата.

На простор од 251 м2, архитектите замислиле модерна форма на оригами - инспирирани  од уметноста на виткање хартија. На местото каде што била изградена куќата, се наоѓал кружен камен ѕид кој останал како наследство на младиот пар.

Архитектите одлучиле да започнат со камен и да се создадат оригами покрив што се крева како шатор, создавајќи визуелна референца и засолниште од суровите ветрови и дождови.

Централниот дел на куќата го завзема дневната соба и трпезарија околу која се наоѓаат и други простории (кујна, бања, спална соба). Дневната соба се простира на два ката поврзани со скалила, и мазни премини меѓу различни делови на куќата создавајќи континуирано чувство за простор.

Надворешна фасада е направена од стакло, а триаголниот покрив формира падина и ја открива предната фасада, што додатно ја интегрира внатрешноста со околината.

[gallery]

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре