Југоисточна Азија е една од наjомилените светски дестинации кога станува збор за луксузни патувања и летувалишта. Регионот привлекува со приватноста која нуди, недопрената природна убавина и високото ниво на услуга.
„Villa Sapi“ на индонезискиот остров Ломбок совршено се вклопува во овиј избор. Таа е дизајнирана од канадскиот архитект Дејвид Ломбарди.
Се протега на два спрата и се состои од две модерни структури за кои се употребени геометриски форми и модели кои бегаат од традиционалниот дизајн. Боите на ентериерот носат живост, а одовде има неверојатен поглед кон морето.
Местото е уникатно, но за да останете во вилата во врвот на сезона, ќе ви требаат 1350 долари за ноќевање, а треба да ја изнајмите на минимум престој од седум ноќевања.
Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти