28 Март, 2024
0.0343

ФОТО: Мадагаскар, островот на лемурите и на изобилството

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Мадагаскар e четвртиот најголем остров во светот. Овде има најразновиден и уникатен растителен и животински свет, па се смета дека на Мадагаскар опстојале најголем број ендемски видови на светот. Според одредени истражувања, дури 80% од животните и растенијата кои живеат на островот, се среќаваат само овде и на ниту едно друго место на светот. Според некои научни теории, островот претставува дел од големиот континент Лемурија кој  постоел некогаш на местото на Индискиот Океан. При потонување на континентот животните преживеале само на Мадагаскар. Единствената и неповротлива природа на островот содржи лагуни, дини и корални гребени со одамна згаснати вулкани и бројни водопади. Населението на островот гравно се занимава и живее од земјоделие. Лучето тука одгледуваат се ориз, шеќерна трска, кафе, памук, кокос , чај, тутун, банани, шафран, ананас и други производи кои без проблем виреат на плодната почва. Островот е на едено од првите места каде што е пронајден  графитот. Во неговото средиште исто така се  пронајдени уште бакар, злато, скапоцени камења и никел. Мадагаскар уште се нарекува и островот на лемурите. Овде живеат 36 видови лемури - некои од нив не се среќаваат на друго место во светот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи