20 Април, 2024
0.0245

(ФОТО) МЕСТО КАДЕ ИМА НАЈЧИСТ ВОЗДУХ, НЕМА ГУЖВА А ЦЕНИТЕ СЕ НИСКИ: Ова место во Грција е идеално за вистински одмор!

Објавено во: Стил 18 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Грција важи за една од најубавите земји на светот, а веќе со години е дестинација број 1 за туристите кога е во прашање летувањето.

Кое место и да го изберете, нема да згрешите, бидејќи оваа турстичка атракција нуди понешто за секој, како за оние кои се желни за луда забава, така и за оние кои сакаат „поштено“ да се одморат.

Ако се пронајдовте во втората група, а притоа сакате свеж, чист воздух, плажите на кои не мора да се туркате за место, прошетки по стариот град на кој нема големи гужви, Лептокарија е идеален избор.

Ова грчко одморалиште е идеално за семејства со деца и лица кои сакаат во текот на тие 10 дена одмор да пронајдат мир и да го опуштат телото и душата.

Лептокарија е мирно местенце оддалечено од Солун 95 километри, и сместена точно под планината Олимп. Точно во Лептокарија се среќаваат планинската и морска воздушна струја, па сите оние кои ја посетиле велат деа на ова место го вдишале најсвежиот и најчист воздух.

Поради тоа што се наоѓа под Олимп, ноќите се исклучително пријатни, па овде конечно ќе спиете мирно како бебе, без горештини кои ве тераат да се превртувате цела ноќ или да доплаќате за клима уред.

Ни преку ден нема многу да се „варите“-во Лептокарија највисоката дневна температура во најтоплите месеци не преминува 35 степени . Кристално чистото Егејско море ќе ве разлади убаво, а плажите со ситен, мек песок ќе бидат вистинска комоција за вашите уморни стапала.

Уште една од работите која Лептокарија ја издвојува од останатите грчки дестинации се и ниските цени во продавниците и рестораните.

За љубителите на историјата, тука се пештерите и археолошки ископи, а ако сепак посакате барем еднаш во текот на одморот да се „изџускате“ добро, градчето нуди и две дискотеки со модерна музика, како и класични грчки таверни во кои можете да уживате во медитеранската храна и народни грчки песни.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган