(ФОТО) Момче од Сараево со своите дрвени очила ќе го освојува светот
Објавено во: Балкан 24 Април, 2017
Дамир Бајрактаревиќ почнал да прави гитари од дрво, потоа накит, и на крај очила „Dawood“ со кои сака да го освои домашниот, но и странскиот пазар.
Отворил своја работилница и самиот на себе си бил учител, дизајнер и менаџер.
Раскажува дека гитарите се скап процес, кој бара ангажман, а другите елементи му помагаат да заработи повеќе.
Тој неодамна ги испорачал првите очила за Холандија, а има и нарачки по пат на интернет.
Момчето половина година го истражувало процесот, а додека се трудел да изработи добри очила, над 100 од нив фрлил.
„Среќен сум што работам работа која ја сакам, немам работно време и работам кога сум расположен за тоа“ - вели Бајрактаревиќ.
Тој планира да отвори салон во кој ќе ги продава своите производи од дрво.