28 Март, 2024
0.0249

ФОТО: На Малдивите се гради остров во форма на цвет

Објавено во: Стил 23 Април, 2013

Добивај вести на Viber

На Малдивите, под јаснотo сино небо во самиот центар на Индискиот Океан ќе се појави необично село. 185 вили во три различни стилa ќе бидат изградени директно на водата, а формата на самото село ќе личи нa цвет што плива во океанот. Оттука и името на проектот„Цвет среде океанот“. Изградбата на проектот се очекува да биде завршена до крајот на 2013 година. Центарот на цветот ќе биде јавна зона со базен и бар, а неколку ресторани и продавници ќе бидат сместени во куќите надвор од комплексот. За само 15 минути од островот ќе се стигнува до аеродромот во главниот град на Малдивите. Самите вили ќе бидат направени минималистички - во светли тонови, со минимални кулиси, а најголемото украс ќе бидат големите прозорци со поглед на океанот. Секоја вила ќе има и сопствена мала градина. Иако островот делува осамено, тој ќе одржува врска со останатиот свет со Wi-Fi, сателитска телевизија и сите модерни средства.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи