(ФОТО) На службеник од ММФ писмо му експлодираше при отварање
Објавено во: Свет 16 Март, 2017
Едно лице е полесно повредено при експлозија во канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Париз.
Повреден е службеник на канцеларијата, кому писмото му експлодирало во рацете и пред лицето при отворањето.
Француската полиција соопшти дека се работи за писмо – бомба, објави АФП. Засега не се знае од каде стигнал ковертот.
Сличен инцидент имаше и во Германија, но без жртви и повредени.
Инцидентот се случува еден ден откако на адреса на министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле беше испратен пакет во кој е утврдено дека имало експлозив, со мала разорна моќ, но доволна да предизвика сериозни повреди. Овој пакет безбедно беше уништен. Одговорноста ја презеде грчката анархистичка група „Заговор на огнените ќелии“.