19 Април, 2024
0.0359

ФОТО : Најекстремните јадења во светот

Објавено во: Стил 16 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во светот, луѓето јадат работи, какви што ние не би си  помислиле. Следат некои од најстрашните јадења во светот, предупредуваме дека статијата не е воопшто погодна за луѓе со слаб стомак и слаби нерви.

Жена од Перу става жаба со одземена кожа во блендер. Во Перу сметаат дека сокот од жабата е моќен афродизијак.

 

Касап во Боливија ја сече главата на овци. Во Боливија многу сакаат супа од овча глава.

Работник подготвува месо од мачка во ресторан во Брегот на Слоновата Коска. Мачкиното месо е деликатес во многу земји во Африка и Азија.

 

Во Никарагва продаваат месо од желки кое е чини 1,10 долари.

 

Во ресторан во Индонезија нудат Бургер со месо од кобра. Во реонот, неделно се фаќаат околу 1 000 кобри поради месото. Месото им чини 1,15 долари.

 

Жена во Судан, подготвува манџа со црн дроб на камила. Помеѓу 1996 и 2002 година Судан има произведено 72 000 - 81 000 тони камилско месо.

Во многу земји во Источна Азија се јаде кучешко месо. Кучињата на скара се подготвуваат за продажба, во Дионг Ное, мало село во Виетнам.

 

Во Виетнам луѓето некогаш јаделе стаорци, но само како крајна опција во годините на глад. Денес тие се дел од специјално јадење, кое се подготвува по повод смената на лунарниот календар.

 

Во Лангуи, Перу жената на сликава подготвува морско свинче за јадење.

 

Во Тајван јадат јајца и ембриони на кобра, затоа што се смета дека се корисни за здравјето.

 

Во кинеското хапвам јадење во ресторан во Пекинг, сервираат пениси на 30 вида животни, приготвени на традиционален начин. Се смета дека многу од нив имаат лековити својства.

 

Во Мадагаскар месото од лемури е луксуз.

 

Во Кина, деликатес се тврдо варени јајца во човечка урина.

 

Во Кампонг, Камбоџа, продавач нуди пржени пајаци. За 2 долари ќе добиете 10 крцкави пајаци со лук.

 

Во ресторан во Баричара, Колумбија, сервираат традиционален сос со големи мравки.

 

На сликата маж џвака гуштер во Саудиска Арабија. Тука се смета дека одреден вид гуштери помагаат за проблемите со крвниот притисок и го зајакнуваат имунитетот. Овие гуштери се многу популарни во Блискиот Исток, има кучиња трагачи кои ги ловат.

 

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре