25 Април, 2024
0.0344

ФОТО: Најлуксузните возови на светот

Објавено во: Стил 22 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Романот на Агата Кристи го направи „Ориент експрес" најпопуларниот луксузен воз на сите времиња. Подоцна, благодарение на филмската верзија на романот, а со учество на Алберт Фини и Ингрид Бергман, во 1974 година „Ориент експрес" се претвори во култен објект за целиот свет. Ви претставуваме неколку возот кои заслужуваат исто толку големо внимание: British Pullman Големината и луксузот на патувањето со овој воз може да се почувствува при еднодневна екскурзија или викенд патување во феудалната атмосфера на „British Pullman“. Името го доби по Американецот Џорџ Мортимар Пулман, таткото на луксузните патувања со воз. До 252 патници може да пренесе возот, кој се состои од единаесет салони кои патуваат од Лондон до Венеција. Возот е реновиран и во него ќе се чувствувате како во ерата на класичниот луксуз. Royal Scotsman Гостите кога се качуваат на овој луксузен воз, одат по црвен килим, придружени од службеник. Од април до октомври црвените вагони патуваат од Единбург низ живописните пејзажи на моќните планини, долини и езера во Шкотска. The Indian Maharaja Специјалниот воз патува на осумдневна авантура од Мумбаи до индиската престолнина Њу Делхи. Од 2009 година наваму раскошната палата на тркала патува по овој возбудлив пат, минува преку националниот парк Рантамбор и пештерите на Елора и Аханта. Од октомври до април тој патува низ Индија. Pride of Africa Над 6000 километри - од Кејптаун до Дар ес Салаам - патува луксузниот воз, чиј стил потсетува на класичните возови од 20-те години. „Pride of Africa“, со којуправуван  „Rovos Rail“, се смета за најдобар луксузен воз во светот. Пожелно е патниците да бидат со соодветна официјална облека за време на вечера. Патувањето со воз трае 14 дена.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган