25 Април, 2024
0.0305

ФОТО:Најсилните пива во светот!

Објавено во: Стил 03 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

На пивото сме навикнати да гледаме како на лесен алкохол. Сепак внимавајте, ако ви сервираат непозната марка на пиво, бидејќи некои можат да бидат многу силни. Видете кои се 7-те најсилни пива во светот во моментов: 7. Five Squared на De Struise Brouwers, Белгија Алкохол: 25% Ова пиво е произведено со добротворни цели во ограничени количини. Ако сеуште успеете да го најдете некаде ова пиво - најверојатно ќе биде многу скапо. 6. Tactical Nuclear Penguin на Brew Dog, Шкотска Алкохол: 32%   Созрева во буриња за виски, има благ вкус на кафе и овошје. 5. Schorschbock на Schorschbräu, Германија  Алкохол: 43%   Ова пиво има вкус на ракија и не е чудно дека процентот алкохол е доста висок. Оние кои го пиеле ова пиво, велат дека има вкус на карамела и е слатко-горчливо. 4. End of History на Brew Dog, Шкотска Алкохол: 55%   Освен дека е меѓу најсилните, ова пиво е и меѓу најскапите во светот, со цена 500 фунти за шише. Секое шише е уникатно. 3. Schorschbock Finis Coronat Opus на Schorschbräu, Германија Алкохол: 57%   Пивото е многу густо и има сладок вкус. 2. Start the Futire на T'koelschip, Холандија Алкохол: 60%   Ова пиво има богат овошен вкус. 1. Armageddon на Brewmeister, Шкотска Алкохол: 65%   Токму ова е најсилното пиво во светот и неговото име е многу соодветно.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти