28 Март, 2024
0.0295

(ФОТО) Не знае каде ќе заспие и во која држава ќе се разбуди

Објавено во: Стил 03 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Милица Радовиќ(29) патува низ светот и е изненадена колку луѓето во светот знаат за нејзината родна земја, Србија. 

Таа се зачудила затоа што луѓето во Аргентина знаеле дека Србија била дел од СФРЈ. 

Освен големи градови, посетува села, но и племенски заедници за да ја запознае културата, но и обичните луѓе. 

Оваа девојка вели дека отсекогаш имала желба да патува, а интензивно да шета почнала пред 10 години. 

По месец дена самостојно патување раскажува дека почувствувала душевно олеснување и спокој. 

„Верувам дека во животот сите имаме некоја улога во која се чувствуваме потполни“ - вели таа. 

Досега посетила над 30 земји во Азија, Африка, Европа и Јужна Америка. 

Била во Индонезија, Уругвај, Бразил, Аргентина, Кенија, Мароко, Шри Ланка, Јапонија, Виетнам и многу други. 

Радовиќ додава дека во Азија ги запознала најдуховните луѓе. 

Патувајќи сретнала луѓе кои немаат услови за живот и деца кои не можат да се образуваат, и затоа одлучила преку својот блог кој е доста читан да собере средства за да им помогне. 


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи