29 Март, 2024
0.0242

(ФОТО) НЕМА ДА ЗГРЕШИТЕ АКО СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА НИВ: Дефинитивно најубавите места за летување во Грција

Објавено во: Стил 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Ако планирате летување во Грција, избор за место и плажи има на претек. Ние ги издвојуваме најубавите острови на нашиот јужен сосед, а на вас е да одлучите што најмногу ви одговара.

Санторини: најубаво заоѓање на сонцето

Луѓето од цел свет доаѓаат на овој остров само за да уживаат во преубавото заоѓање на сонцето.

Гледајте ја црвената топка како тоне во морето, од својата соба во Oii, a потоа фатете го автобусот и посетете го главниот град на островот, Фиру. Таму ноќниот живот едноставно е неверојатен, а сигутно ќе се забавувате во Енигма или Коо клубот, а нема да згрешите ниту пак ако го одберете клубот Murfy .

Навагио плажа, Закинтос: најмногу случувања

Позната и под името Shipwreck плажа, таа дефинитивно е центарот на настаните. Се верува дека овде последниот брод поминал во 1983 година, но се насукал при проверка за шверц со цигари, вино и уште многу корисни работи. Бродот и понатаму се ноаѓа меѓу белите карпи, а кога се возите до него не заборавајте маска за нуркање бидејќи погледот под морето е преубав.

Крит: Најразновиден

Неверојатни плажи, прекрасен поглед и ноќен живот, се причини поради кои Крит, најголемиот грчки остров е избор на многумина. Крит е остров познат по митот за Минотаур и древената минојска цивилизација чии остатоци и денес може да ги видите.

Селото Ретимно нуди се на едно место, па не мора да се трудите да го напуштате. Сместете се во хостелот Retimno youth и уживајте во преубавите плажи кои се наоѓаат на чекор од сместувањето, или истражете го стариот град и пристаништето.

На плажите има доволно спортски активности, а ноќите поминувајте ги во Рок кафе, или понесете пиво на плажа и играјте во Кактус бар се до излегувањето на сонцето.

Црвена плажа, Крит: нудизам на врв

До најдобрите плажи на Крит е најтешко да се дојде, но не откажувајте се лесно. Одете со автобус до градот Матале или изнајмете поволно сместување во вилите Димитрис. Во Матали патоказите ќе ве водат до плажите, така да до таму без проблем ќе стигнете, иако патчињата се малку стрмни. Кога стигнете соблечете ја целата облека од себе и уживајте во најдобрата нудистичка плажа во Грција.

Миконос: најдобри журки

Миконос е резултат на комбинација од преубава грчка природа и константна забава. Големата акција се движи на плажата Парадајс. Оттаму отеселете се во главниот град на Миконос и одморете се од хаосот и гужвата. Во Каприс гледајте го заоѓањето на сонцето и напијте се неколку пијачки во Астра, а потоа тргнете кон својата база.

Миконос, Парадајс бич (Paradise beach): најпијана плажа Joye~ 

Баш како и музиката, ни пијанчењето на Парадајс плажата, никогаш не престанува. Придружете и се на толпата од цел свет и заедно славете го животот. Иако поради лудиот провод ќе пропуштите да уживате во убавините на пределот, не заборавајте да одите по златниот песок, да нуркате во преубавото море и да скијате на вода како вистински професионалци.

Милос, најосамено место

Дојде време кога не сакаме ди џеи на плажа и пијани луѓе околу себе. Ако се чуствувате така, Милос е вистински избор. Сместете се во хотелот Aeolis и уживајте во луксузот на главниот град и околните скриени плажи.

Посетете некои тајни места кои се наоѓаат на овој остров, и никако не пропуштајте го истражувањето на пештерата Papafragas.

Mavra Volia (Мавра Волиа), Хиос: авантуристичко место

Плажата Мавра Волиа (Црни камени) е една од главните атракции на Хиос. Поделена на три дела оваа плажа се протега далеку над Емпорио градот. Нуркајте, скокајте голи од карпи и правете се што прави еден авантурист.

Уживајте во бројните ресторани, а ако сте љубител на риби посетете го Porto Emporios кој се наоѓа токму на вода.

Скопелос: скриена тајна

Заобиколете го популарниот Скијатос и откријте ја совршеноста на околниот Скопелос. Ако дојдете со траект сигурно некој од локалците ќе ве повика да се сместите во нивниот дом. Ќе добиете сместување за малку пари, а со тоа и домашен оброк. Ако повеќе сакате хотелско сместување изберете го студиото Стела.

Нивните соби се наоѓаат веднаш до градот, а со автобус може да стигнете до преубавите плажи Панормос и Милиа.

Миртос плажа, Кефалонија: НАЈДОБРА

На северозападниот крај на Кефалонија се наоѓа Миртос плажата, која често се нарекува најдобра грчка плажа. На прв поглед можеби ќе ви се чини дека не е ништо посебно, но набрзо ќе увидите како тоа светликаво море прекрасно се поклопува со зелените планини кои го опкружуваат.

Грција нуди многу задоволства во најразлични облици. Сега на вас е да го изберете она што е најблиску до вашиот темперамент.