(ФОТО) НЕСРЕЌА НА АЛПИТЕ: Лавина затрупа деветмина во Франција
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2017
Лавина затрупа најмалку четири лица во француското одморалиште Тин, пренесе ВВС, повикувајќи се на француските спасувачки служби.
Под снежната лавина завршиле девет лица. Во моментов две лица се извадени живи, а по другите се трага.
Лавината тргнала од височина од 2 100 метри. Таа била 400 метри широка и направи хаос. Таа поттикнала и други мали лавини поради што ќе биде тешко да се најдат скијачите кои се затрупани. Снегот постојано се трупа. Меѓу луѓето владее паника.
Зимскиот Тин се наоѓа во близина на границата со Италија. Инцидентот во Тин се случува во многу тежок период за ски одморалишта во Франција, бидејќи многу семејства одат на одмор со своите деца, додека тие се на одмор помеѓу двата наставни рокови.