19 Април, 2024
0.0293

(ФОТО) Нимиц сее оптимизам, Димитров дециден дека ако се чепне идентитетот решение нема

Објавено во: Македонија, Галерија 01 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Процесот што го помага медијаторот Нимиц е важен за изнаоѓање на достоинствен начин за решавање на спорот, во кој двете страни ќе бидат почитувани, за што постои волја од страна на Македонија, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.


Димитров меѓутоа потенцира дека ако се допре идентитетот тогаш нема решение.

Шефот на македонската дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање – дали би се преговарало за јазикот и за идентитетот, одговори дека ако овие прашање треба да се отворат, решение со Грција за проблемот нема да се постигне.


„Апсолутно не, не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Ако дојдеме до таа точка, до идентитетот, нема да има решение. Но жално ќе биде ако две европски држави ова не го препознаат“, потенцира Димитров. 

Нимиц дојде од Атина полн со оптимизам, и бара итно дејство за да се искористи позитивниот момент.


- Доаѓам од Атина каде што ги слушнав нивните мислења за прашањето за името, а денеска имав средби и со претседателот Иванов, премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Димитров, со чии гледишта се запознав. Не сакам да ги потценам прашањата, ниту мислењата. Процесот оди напред, кај двете страни има војла да се најде решение. Се создава позитивен момент што треба да се искористи. Сега е вистинското време да се постигне решение и конечно регионот да тргне напред, а да продолжи соработката и пријателството меѓу двете земји, Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист, - порача Нимиц, додавајќи дека треба да се дејствува брзо, со што во следните неколку месеци ќе се види дали е остварен напредок.

ФОТО: ФАКТОР

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне