19 Април, 2024
0.0244

(ФОТО) Норвежаните го „збудалеа“ светот: Еве зошто на крововите од куќите им расте цвеќе

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Норвежаните поседуваат традиција стара со векови која подразбира куќите да им бидат прекриени со зеленило и растенија. Зелените кровови во Норвешка се симбол на таа земја.

Колку добра идеја е тоа сведочи и законот според кој Франција минатата година нареди сите нови згради кои ќе бидат изградени во комерцијални зони да мора делумно да бидат покриени или со билки или соларни панели.

Ширум Норвешка може да се видат куќи со бујна вегетација на крововите кои се вклопуваат во околниот пејзаж. Густа зелена трева, цвеќе, па дури и дрво може да се видат на крововите на норвешките куќи.

Предностите на ваквите кровови се бројни. Покрај тоа што изгледаат интересно, крововите покриени со зеленило се и долготрајни, нудат стабилност на градбата и обезбедуваат подобра изолација што помага да се намали енергијата потребна за греење на куќата во зима и ладење во текот на летото.

Во текот на средбниот век, за време на Викинзите, повеќето куќи во Норвешка имале кровови прекриени со трева. Таа традиција траела се до 19 век во текот на кој зелените кровови постепено се заменувани со керамиди, исклучиво во оддалечените и изолирани делови од земјата.

Зелените кровови во поновото време доживеале вистинска ренесанса. Норвежаните увиделе бројни предности на овие кровови и ја оживеале традицијата. Многу културни институции и комерцијални згради зелените кровови ги интегрирале во свој дизајн како алтернатива на современите градбени материјали , а од 2000 година Скандинавското здружение за зелени кровоци доделува годишни награди за најдобар проект зелен кров.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре