25 Април, 2024
0.0278

(ФОТО) „НОВИ МЕСТА“ кои ви нудиме да ги откриете во Грција

Објавено во: Стил 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Уште има многу „неразгалени“ делови на Грција-само мора да се потрудите за да ги пронајдете. 

Секогаш има места кои не сте ги посетиле, или не се откриени од многуте туристи, и на нив нема гужви а ќе ве чека топло добредојде.

Ви пренесуваме неколку такви места:

Галос, Лефкада

Ништо не може да се спореди со западниот Јонски архипелаг, во кој млечните тиркизни води се спојуваат со азурните и погледот на пенливите бранови кои се разбиваат од карпите. Токму таква глетка постои на Галос, на островот на Лефкада, кој, освен лето, е воглавно напуштено место.

Постојат само неколку сезонски колиби во кои може да се освежите, а секако ќе ви биде потребно и некое превозно средство како би се спуштиле по стрмните планини од селото Атани. Таму автобус од градот Лефкада ќе ве остави, а оттаму снаоѓајте се сами.

Димитсана, Аркадиа

Димитисана е едно од неколку атрактивни села на источен Пелопонез. Селцето гледа на реката Лоусиос, а има неколку прекрасни црквички кои датираат од периодот на нормандското владеење. Овде ќе го пронајдете и музејот Water-Power.

Меѓутоа, вистински дијамант на ова срце во Пелопонез се древните знаменитости на Гортин со својот замок Аполо Епикоуриос и светски познатата Олимпија, а оддалечени се неколку часа возење.

Нас, Икарија

Икарија се наоѓа во источниот дел на Егејското море. Обиколена е со чудни, наизглед вајарски камени облици, а има скриени заливи и песочни плажи на крајот на речниот кањон.

Во близина се остатоците на Артемидиниот храм кој нуди дополнително чуство на допир со минатото.

Лимни Кериоу, Закинтос

Селото Лимни Кериоу кое се наоѓа на југозападниот дел на заливот Лаганас има пријатни плажи и два центри за нуркање. Ова селце може да ви биде одлична база за истражување на дивите западни брегови на Закинтос.

Ватера, Лесвос

На овој голем остров со благословени плажи, е еден од најубавите делови, 7 километри долгата Ватера на југ. 

Песокот е фин, а водата чиста-што ја прави идеална за семејства со деца. Некои од атракциите на овој дел на Лесвос се брдското градче Агиассос, познатата дестилерија Пломари и неколку бањи со топли извори во близина на Поликнитос.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти