29 Март, 2024
0.0237

(ФОТО) НУДАТ ЗАШЕМЕТУВАЧКИ ПОГЛЕДИ: 10 скај барови кои треба да ги посетите во Грција

Објавено во: Стил 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Баровите лоцирани на покриви, секогаш ги привлекувале како туристите, така и локалните луѓе. Освен пријатни ладни пијалоци во текот на летото, тие нудат и убави глетки кои им делуваат на сетилата и ги тераат луѓето да заборават на презафатениот работен ден. Изданието „Just Go Greece“ ги претставува 10-те најубави небесни барови во Грција кои може да ги посетите ова лето.

10. 5th Bar Restaurant, Крит


Овој бар се наоѓа на последниот кат на хотел Мегарон во градот Ираклион. Тој нуди уникатна глетка кон старото пристаниште. Во текот на летото гостите можат да уживаат во вечерата на отворено.

9. Roof Garden, Крф


Скај бар на островот Крф е со поглед кон морето, бродовите, тврдината и спектакуларни погледи на целиот град.

8. Casa Delfino Suites Terrace, Крит

Барот се наоѓа на покривот на зграда од XVII век, која пред многу години служела како венецијанска палата. Casa Delfino Suites Terrace е во стариот дел на градот, а атмосферата и глетката придонесуваат за незаборавно доживување.

7. OTE Tower, Revolving Restaurant and Café, Солун


Ако сакате единствено место во Солун, кое ќе го посетите со вашата сакана, тоа сигурно може да го направите во OTE Tower, Revolving Restaurant and Café. Локалот се наоѓа на врвот на кулата, од која има поглед на целиот град и познатиот врв Олимп.

6. The Couleur Locale, Атина


Барот е погоден за разладување и забава со пријателите. Тука можете да се релаксирате, уживајќи во убава глетка и ладни пијалоци.

5. Thea Terrace Bar, Атина


Ако барате место со релаксирачка и забавна атмосфера, барот на Central Athens Hotel е исклучително погоден, а глетката неверојатна.

4. Bios, Kerameikos, Атина


Многу луѓе го обожуваат класичниот бар на покривот во Атина Bios. Тој нуди лежалки, коктели и убава глетка кон Акропол. Атмосферата е идеална за оние кои сакаат да се изладат по бурниот работен ден.

3. Art Lounge, New Hotel, Атина


Ако сте од луѓето кои ја сакаат архитектурата, тогаш Art Lounge е вашето место. Барот нуди прекрасен поглед кон ридот Lycabettus, како и колекција од 2000 уметнички книги.

2. Modern Rooftop Dining, Атина


Ресторанот се наоѓа на покривот на хотелот AthensWas. На брдото пред него се наоѓа храмот на Зевс и Акропол. Локалот нуди француска кујна со медитерански вкусови, како и јапонски јадења.

1. The Zillers Roof Garden, Атина


Барот се наоѓа во Zillers Hotel. Од него може да уживате во пријатна глетка кон Акропол и Метрополитанската катедрала, не само ноќе, но и во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи