(ФОТО) ОДМОР ВО ТАЈГАТА: Како Путин го поминува времето?
Објавено во: Свет 19 Март, 2017
Рускиот претседател, Владимир Путин во сибирската тајга го поминува одморот.
Тој сака активен одмор со пешачење, риболов, адреналински спортови и се тоа на територија на Русија.
Политиколозите велат дека на овој начин Путин ги повикува граѓаните одморот да го поминуваат во својата земја, а воедно ја покажува и својата сила.
Путин одмара на 400 км од првото населено место, во шумите во Сибир.
Тоа не е прв пат Путин да отиде далеку од цивилизацијата.
На својот роденден во 2014 година, односно на 7 октомври заминал во Сибир.
Таму тој шетал по планини и пеш поминал 9 км.
Путин е голем љубител на риболовот, а во 2013 година Кремљ соопшти дека тој уловил риба тешка 21 килограм.
Рускиот претседател сака да плива, скија и да игра хокеј.
Политиколозите велат дека Путин придонесува да се промовира Русија како туристичка дестинација, со места кои граѓаните на Русија можеби ги знаат, но странците не ги знаат. Сепак, каде ќе одмара Путин е негова лична одлука, а не на Кремљ.