(ФОТО) Одржана првата македонска туристичка берза
Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2016
Хотелите, рестораните, превозниците, винариите и туристичките и планински водичи од земјава денеска имаа можност своите услуги и производи да им ги понудат на Агенциите за дојдовен туризам.
Сето тоа беше овозможено од Новоформираната Национална асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) .
Влатко Сулев кој е претседател на асоцијацијата рече дека оваа форма на организирано среќавање на понудата и побарувачката во туристичкиот сектор често се применува во развиените држави како можност сите чинители да се соберат на едно место, да разменат идеи и да се информираат за новитетите во индустријата.
Тој рече дека со цел да се унапреди туристичката понуда и да се зголеми бројот на дојдовни туристи, асоцијацијата и нејзините членки ќе работат на подобрување на стандардите за работење во сите елементи од туристичкиот сектор.Одржувањето на туристичката берза како начин за подобрување на туристичката понуда во Македонија беше потпомогнато од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) преку програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) .
ФОТО: ФАКТОР