29 Март, 2024
0.2549

Фото: Основачот на Apple е лош трговец со имот?

Објавено во: Стил 07 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Стив Вознаик, ко-основачот на Епл, реши да се раздели со својот дом , во кој живее повеќе од 25 години за само 5 милиони долари. Палата во Лос Гатос , Калифорнија е изградена во 1986 година , проектирана од сопственикот во стилот на постмодерната. Во 2006 година дизајнот на куќата бил изменет а прсти замешале архитектите Ави Агаси и Емон Леви . Сепак , многу од неа оставена во првобитниот облик. Вкупната површина на станот е малку помала од 700 квадратни метри, има 12 соби , шест спални и шест бањи . Белите ѕидови и прозорци создаваат чувство на леснотија и простор , исто како Apple Store , а децата се забавуваат со ликовите од Дизни од „Малата сирена " . Како и во iPhone 5 , во куќата на Стив Вознаик има многу пријатни детали : на пример , украсно езерце , базен , водопад и камин меѓу двата спрата. Иронично , за овој прекрасен дом не може да се најде купувач, а  цената падна на 4.1 милиони долари. Медиумите сега коментираат, основач на Apple се покажа како лош трговец на имот.