(ФОТО) ОСТРОВ СО САМО СЕДУМ ЖИТЕЛИ: Како се живее таму?
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2018
Седум жители и едно куче живеат на далматинскиот остров Ошљак.
Тоа е многу мал остров, кој може да се заобиколи за 20-ина минути, а се наоѓа во задарскиот канал меѓу Задар и Прека.
Најстариот жител на островот има 84 години, а најмладиот 41 година. На островот има црква „Света Марија“ од 6 век и ветерница од 16 век. Имаат струја, вода, телефон и интернет, а скоро сите жители имаат исто презиме – Валчиќ.
Жителите немаат продавница, амбуланта, ниту лекар, а поштарот доаѓа еднаш неделно. Не возат автомобили ниту, пак, одат во кафулиња. Единствениот ресторан на островот работи само три месеци годишно.
На островот има ново училиште, но нема ниту еден ученик. Весници мештаните купуваат на соседните острови, кои ги посетуваат со брод.Фреквенцијата на луѓе се зголемува само за време на летото, кога на островот дневно поминуваат и по 300 туристи.