29 Март, 2024
0.0241

(ФОТО) Осум места за кои не претпоставувате дека се дел од ЕУ

Објавено во: Стил, Галерија 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Европската унија е големо политичко обединување, која опфаќа 28 земји-членки, територија од околу 1 669 808 квадратни милји и население околу 510 милиони граѓани.

Речиси секој е запознаен и со имињата на 28-те земји кои членуваат во Унијата.

Но кон ЕУ припаѓаат и неколку острови и прекуморски територии, за кои малкумина претпоставувале дека всушност се дел од Унијата.

Проверете ги овие егзотични локации кои се дел од мапата на ЕУ.

1. Гвадалупе

Оваа островска група е прекуморски регион и департмент на Франција, што го прави дел од ЕУ. Се наоѓа во јужно Карипско Море и е позната по тоа што погледната одгоре, наликува на пеперутка. Населението кое живее таму е малку над 400 илјади жители.

2. Мартиника

Карипски остров се наоѓа на југ од Гвадалупе и исто е задморски посед на Франција. Населението брои 386 илјади жители.

3. Француска Гвајана

И таа е француски прекуморски департмент, дел од ЕУ. Земјата е сместена во североисточниот дел на Јужна Америка. На територијата на Француска Гвајана се наоѓа космодромот „Куру“, од кој се спроведуваат месечините на апарати за вселенската програма на Европската унија преку ракетите Аријана.

4. Азорските Острови

Азорите се автономен регион на Португалија. Тие се 9 острови во Атлантскиот Океан. Се наоѓаат на 1 500 километри од градот Лисабон, Португалија и на околу 3 900 километри од источниот брег на Северна Америка. Дел се од ЕУ од приемот на Португалија во Унијата.

5. Мадеира

Мадеира е најголемиот остров од истоимената група острови, кој се наоѓа во близина на бреговите на Северна Африка. И тие се автономен регион на Португалија. Имаат густит шуми и шарени ливади по кои се познати и поради што се наречени „Островска градина“. Шумите Лари-Силва се во листата на светското наследство на УНЕСКО. Комбинацијата на тропски и медитерански видови растенија ја одредуваат смарагдно-зелената боја на островот со целогодишни цветни орхидеи, магнолии, азалии, хортензии, и други видови на цвеќе. Симбол на островот е стрелицијата чија боја потсетува фантастична рајска птица.

6. Канарски Острови

Тие можеби се најпознати од наведените 8 територии во листата. Архипелагот во Атлантскиот Океан е ентитет на Шпанија. Најголемиот остров е Тенерифе со главен град Лас Палмас де Гран Канарија. Останатите острови се Фуертевентура, Гран Канарија, Лансароте, Ла Палма, Ла Гомера, Ел Йеро.

7. Мајоте

Мајоте е територија департментот и регион на Франција. Се наоѓа во Индискиот Океан, меѓу северен Мадагаскар и северен Мозамбик. Островската група официјално е најдалечен регион на ЕУ.

8. Реунион

Реунион е остров во Индискиот Океан, на југ од Мајоте. Се наоѓа источно од Мадагаскар и југозападно од Маурициус. Тој исто така е француска територија. Населението брои малку над 800 илјади луѓе. Тука е роден Ролан Гарос.