ФОТО: Отровен воздухот во Мосул, починаа цивили
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2016
Во ирачкиот град Мосул, најмалку двајца луѓе починале, а стотици побарале помош поради проблеми со дишењето од отровните испарувања кои почнале да се шират од фабрика за сулфур.
Починатите се цивили од соседно село.
Фабриката најверојанто е запалена од милитантите на „Исламска држава“, јавуваат светските медиуми.
Според војската на САД, фабриката за сулфур била намерно запалена неделава од милитантите на ИД кои биле потиснати од областа од страна на ирачките сили. На американските војници веднаш им биле поделени гас-маски и друга заштитна опрема.
Пожар во оваа фабрика имало и во 2003 година, кој траел три недели. Загадувањето на воздухот во Мосул тогаш било огромно, а целата вегетација околу била уништена.