19 Април, 2024
0.0259

(ФОТО) ОВА Е ДИРЕКТОР НА ВЕКОТ: На работниците ќе им дели автомобили, станови и накит

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Великодушниот сопственик на бизнис царство од Индија овој викенд на своите работници ќе им подели 12600 автоомобили, 400 станови и дијамантски накит во рамки на хиндуистичкиот фестивал Дивали, во текот на кој вработените на останатите компании обично добиваат ситници како слатки .

Савијибхаи Џолакиа, кој води исклучително успешна компанија за извоз на дијаманти во градот Сурат објавил дека ќе потроши шест милиони фунти како на своите верни работници ќе им се заблагодари на вредниот труд во текот на последните пет години.

„Наша цел е на секој од нашите вработени да им овозможиме да имаат свој стан и автомобил во следните пет години. Затоа почнавме да делиме автомобили, куќи и накит уште сега“, рекол Џолакиа, сопственик на „Hare Krishna Export“ кој има вкупно 5 500 луѓе вработени .

Како што пишува Дејли меил, „Hare Krishna Export“ е една од најуспешните компании во индисиот сурат, а извезува дијаманти во дури 75 земји.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре