25 Април, 2024
0.0248

ФОТО: Ова е најскапата екскурзија, чини 1.16 милиони евра и трае 2 години!

Објавено во: Стил 24 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Случајно да не имате две години време и вишок од 1.16 милиони евра ? Ако сте заинтересирани за култура и пат околу светот, ова е идеален одмор за вас: 962 објекти кои се дел од светското наследство на УНЕСКО може да ги видите одблизу на луксузното патување кое трае 730 дена ... 730 дена, 962 дестинации, 1.16 милиони евра! За толку многу пари, се разбира, ќе бидете сместени во најдобрите хотели, како, на пример, Cipriani во Венеција... ... Или пак хотелот „Taj Mahal Palace“ во Индија. И секако во турата е вклучен незаборавен ден, проследен со ноќевање во „Ritz Carlton“, во Москва. Среќниците ќе имаат можност да се качат на „New Yorker Plaza“ (САД), каде што се снимани многу филмови. Во прилог на наследство на УНЕСКО што секој знае, има и некои непознати дестинации, како  Марокански Рабат. Тој постои од 10-тиот век и нуди прекрасни градби. Исто така нов на листата е индонезискиот систем за наводнување „Tri Hita Karana“ која се стреми кон хармонија меѓу човекот и Бога, како и помеѓу човекот и природата. Стариот колонијален град Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска, исто така, вреди да се види поради колонијалните згради и убавите, но  празни плажи, како и шарените пазари за рачно изработени предмети.Патувањето ги опфаќа зградите во Валонија (Белгија), кои исто така се дел од светското културно наследство, планините во Западна Индија,  животните и растенијата во регионот кои се светско наследство од 2012 година, пејзажот „Grand Pré“-во канадската провинција Нова Шкотска, плоштадот Meidān-e Emām во Исфахан (Иран) кој е еден од најголемите плоштади во светот. Патниците ќе заминат и во романтичните Валона ди Дијана и Чертоза ди Падова во Италија, а ќе ја видат и тврдината „Hwaseong“ во Јужна Кореја. Историскиот центар Гимараеш (Португалија) е убав стар град, лавиринт од тесни свиоци улички во кои можат да се видат старите куќи и статуи, кои водат до импресивниот централен плоштад. Палатата и паркот на Фонтенбло (Франција), патниците ќе влезат во величествената ренесансна зграда каде што престојувале кралот на Франција за време на лов. Првиот железен мост во светот „Ironbridge Gorge“ (Велика Британија) кој е долг околу 20 километри. Во деветте музеи долж клисурата можете да ја видите историјата на индустриската револуција. Историскиот ансамбл на палатата во Ласа (Кина) има со вкупна површина од 130 000 квадратни метри (13 ката и повеќе од 1000 соби). И уште многу други занимливости кои ја прават земјата да биде волшебно место за живот!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти