28 Март, 2024
0.0271

(ФОТО) Ова е најубавата плажа во Европа – дали би ја посетиле?

Објавено во: Стил 10 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Плажата напикана под ѕидините на живописната велшка порта на Teнби беше прогласена за најубавата плажа во Европа, победувајќи ги конкурентите од Португалија, Хрватска и Италија.

Квалитетот на водата, убавината на животната средина и угледот кој го ужива плажата  меѓу гостите и го донесе на Harbor beach во Тенби првото место во Европа, соопшти организацијата за туризам “European Best Destination”.

Тенби , околу 14 километри од Кардиф (Велс), е стар средновековен град опколен со ѕидови, кој има три песочни плажи долги четири километри. Минатата година, Тенби  ја освои третата награда на “British Travel Awards”, во категоријата на најдобри британски поморски летувалишта.

„Praja de Kova“, на јужниот брег на Португалија, и „Златни рат“ на јужниот брег на островот Брач, ги освоија второто и и третото место на листата на 15 најубави плажи во Европа.

„Isola Bela Beach“ во Таормина (Сицилија) го освои четвртото место.

Останати плажи во Италија се најдоа на листата, но и плажите во Шпанија, Франција, Кипар, Грција, па дури и во Шкотска и Германија.

Bara beach на островот Бара (Шкотска) се најде на петнаесетото место. Западниот дел од островот може да се пофали со бели песочни плажи полни со школки, тревни површини со плодна земја во крајбрежниот појас и карпести заливи.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи