25 Април, 2024
0.0309

(ФОТО) Ова се 10-те земји со најголем долг

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Долгот е функција на секоја работна економија. Владите позајмуваат пари за да финансираат трошоци за патишта, здравството, образованието и социјалните плаќања.

Соодносот долг кон БДП (бруто домашен производ) расте во последните години во целиот свет, бидејќи владите имаат корист од историски ниските камати.

Долгот сепак, дури и евтин, може да се покаже како сериозен проблем, особено за не добро вработените економии, или за оние кои трошат неефикасно (пример - Грција).

Бизнис инсајдер доставува податоци на ЦИА за земјите со најголем сооднос на долгот кон бруто домашниот производ.

Земји како Белгија и Кипар имаат над 100% сооднос долг кон БДП. Втората веќе излезе успешно од спасувачката програма, која дојде по сериозна задолженост и колапс на банкарскиот систем.

Шпанија го освои 15-тото место со 99,6%, а економијата на земјата страда силно од кризата во еврозоната и високата невработеност. Франција има сооднос 96,5%, Велика Британија - 92,2%.

Видете и кои држави спаѓаат во Топ 10:

10. Гренада - 110%


Карипската држава натрупа во последните години чувствителен долг и беше принудена да прогласи банкрот неколку пати.

9. Сингапур - 110,5%


Во обид да се справи со хронично висока задолженост, Владата сега се обидува да најде нови начини за раст на економијата и зголемување на продуктивноста.

8. Зелено'ртски Острови - 116,8%


Малиот остров во Атлантикот, на кој се зборува на португалски јазик, драстично ја зголеми задолженоста во последните години, од 70% во 2010 година до над 116 сега.

7. Еритреја - 119,8%


Малата африканска држава е една од најслабо развиените економии во светот и има БДП од малку над 2,6 милијарди долари.

6. Португалија - 126,2%


Португалија излезе од спасувачката програма во средината на 2014 година, но се уште се обидува да се опорави од влијанието на должничката криза во еврозоната.

5. Јамајка - 130,1%


Карипската островска држава е една од најзадолжените во светот по децении на сериозни заеми. Таа неодамна доби заеми од ММФ, во обид да им помогне за исплата на акумулираните долгови.

3. Италија - 132,5%


Италија е втората најзадолжена земја во еврозоната и веројатно најголемиот економски ризик во единствениот монетарен блок. Финансискиот систем на земјата е во неизвесност, а оваа недела е најавено спасувањето на две банки. 

3. Либан - 132,5%


Либан е пред сериозна должничка криза - барем тоа укажуваат индикаторите на земјата, во споредба со искуствата на другите земји, коментира Карла Слим, економист од Standard Chartered пред FT порано во јуни.

2. Грција - 181,6%


Земјата продолжува да страда од кризата со државниот долг, која почна во 2010 година. Грција сеуште има потешкотија за враќа кредитите, и покрај отстапките од страна на меѓународните кредитори, и сеуште во земјата се во полна сила мерките за финансиска дисциплина.

1.Јапонија - 234,7%


Јапонија е земја со најголема стапка на долг спрема БДП, бидејќи економијата на земјата страда од стареењето на населението и бавното темпо на раст поради слабата продуктивност во последниве години.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти