(ФОТО) Ова се најпопуларните туристички дестинации, посетете ги...
Објавено во: Стил 17 Март, 2017
За одмор, прошетка и запознавање на една нова историја и култура, видете ги овие 10 одлични дестинации.
Ова се 10-те најпопуларни туристички дестинации според „Бизнис инсајдер".
10. Сиднеј, Австралија
Сиднеј е едно од најбараните места за релаксација. Најевтиниот месец за посета е август, а совршено време за резервација е два месеци порано. Излегува дека тоа е едно од најдобрите места на земјата, кои можете да ги посетите во 2017 година
9. Калгари, Канада
На деветтото место се наоѓа Калгари. Канада е добро развиена држава, погодна за туризам и одмор. Најевтиниот месец за посета е во октомври, а совршено време за резервација е три месеци порано. Подгответе го багажот и на пат за Калгари.
8. Меделин, Колумбија
Ако сакате да ја посетите Колумбија, најевтиниот месец е во февруари. Најсоодветно време за резервација е пет месеци порано. Ако сакате да уживате во локалните знаменитости, како и да ја посетите куќата на Пабло Ескобар - тоа е вашата дестинација.
7. Лисабон, Португалија
Ова е еден убав град, дом на над 500 000 жители. Ако сакате да го посетите, најевтиниот месец за да го направите тоа е октомври, а пет месеци порано е совршено време за резервација.
6. Картагена, Колумбија
Колумбискиот град Картагена е лоциран во северниот дел на Карипско Море. Најевтиниот месец за посета е јануари, а времето во кое е соодветно да се резервира билет, е два месеци порано.
5. Токио, Јапонија
Најдобар месец за посета е во ноември, а резервација може да си направите пет месеци порано. Токио е дом на над 13 милиони луѓе.
4. Бали, Индонезија
Тропски остров, кој се наоѓа во срцето на индонезискиот архипелаг. Најевтино ќе ви излезе ако го посетите во ноември и си направите резервација шест месеци порано. Таму е местото каде што можете духовно да се откриете себе си.
3. Окленд, Нов Зеланд
Тоа е најголемиот град во Нов Зеланд со речиси милион и половина население. Најевтиниот месец за посета е јуни, а два месеци порано е совршено време за резервација.
2. Рејкјавик, Исланд
Рејкјавик е најголемиот град во Исланд и е најсеверната престолнина во светот. Таму огнот и мразот се среќаваат. Некогаш луѓето го печеле лебот во дупки во земјата. Ако сакате да го посетите овој агол од планетата, најевтино ќе ви излезе во октомври, а совршено време да си направите резервација е шест месеци порано.
1. Хавана, Куба
Ако сакате да го посетите главниот град на Куба - Хавана, најевтиниот месец е ноември. Два месеци порано е вистинското време за резервација. Не заборавајте да си купите и неколку кубански пури.