19 Април, 2024
0.0285

Фото: Ова се најскапите градби на светот

Објавено во: Стил 15 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Marina Bay Sands проценета на 6 милијарди долари и Resorts World Sentosa, чија вредност достигнува 5,38 милијарди долари се двете најскапи згради во светот и истите се наоѓаат во Сингапур. Од хотелски комплекс со 2.600 соби и казино, музеј во облик на лотус и највисокиот базен во светот се состои првата на листата Marina Bay Sands, бидејќи се наоѓа на 55 кат, на 240 метри над земјата. Најниската цена по човек за ноќевање е 419 долари. Додека на втората позиција е Resorts World Sentosa, градбата во која има казино, парк на "Universal Studio", како и најголем подводен океански парк во светот и хотелски комплекс кој се состои од шест хотели со вкупно 1.800 соби, бројни ресторани и луксузен трговски центар. Трет е  хотелот со седум ѕвезди во Абу Даби - Emirates Palace, проценет на 4,46 милијарди долари. Во сместувачкиот капацитет на хотелот е вклучен простор од 85 хектари парк и плажа долга 1,3 километри. Просторот на хотелот е прекриен со мермер, а многу детали се позлатени. Цената на ноќевање се движи од 500 до 1.000 долари за лице. Хотелот Cosmopolitan во Лас Вегас, пак е на четвртата позиција и е проценет на 4,16 милијарди долари. Капацитетот за сместување подразбира повеќе базени, ноќни клубови, барови, театарска сцена, како и црквичка предвидена за венчавки. На петто место  е One World Trade Center во Њујорк, проценет на 3,89 милијарди долари, чија изградба почна во 2006 година на местото на Кулите близначки кои беа срушени во нападот на САД на 11 Септември 2000 година, а чија изградба треба да биде завршена до крајот на 2013 година. Висината на оваа конструкција би требало да достигне околу 550 метри, како потсетување на стекнувањето на независност на САД.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре