29 Март, 2024
0.0323

(ФОТО) Oва се топ дестинации за оваа есен

Објавено во: Стил 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Туристичкиот сајт American Express Travel ја објави листата на најпопуларни градови за патување врз основа на најголем број резервации и најголем интерес на патниците кога барале дестинација за нивното есенско патување.

Лондон секогаш се наоѓа на листите со најпосакувани дестинации за патување, затоа што има богата културно-уметничка програма, забавен ноќен живот и мноштво историски знаменитости за кои сигурно ќе ви треба цел одмор за да ги видите. 

Ако сте љубител на нуркање, Белизе е добар избор за вас.  Воедно, искористете ја посетата да уживате во локалните специјалитети.

Најроби во Кенија е технолошки центар за иновации, но она што сигурно најмногу ги интригира туристите се сафари турите. Ако прошетате надвор од градот задолжително посетете ја Големата Раседна Долина што е богата со фасцинантна геологија и историја.

Во Казабланка, Мароко можете да гo посетите пазарот за зачини и да побарате водич да ви ја покаже богатата архитектонска разноликост на градот.

Градот Тел Авив во Израел, нуди опуштање на плажа, посета на музеи или пак дегустација на локалната кујна. Овој град  е прекрасна мешавина на богата историја и култура и модерен, жив, космополитски град.


Либанскиот град Бејрут порано беше познат како „Париз на Блискиот Исток“. Како еден од најстарите градови на светот, ова е особено интересна дестинација за љубителите на историјата и истражувачкиот туризам.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи