(ФОТО) ОВИЕ ОСТРОВИ БЕА РАЈ ЗА ОДМОР: Фотографиите покажуваат како изгледаат по Ирма
Објавено во: Свет 13 Септември, 2017
Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии од кои се гледа како изгледаат карписките острови по ураганот Ирма.
Ураганот ги уништи билките, така што наместо зелени, сега овие острови се сиви.
Барбуда, Ангвила, Девствените острови и Куба беа погодени од ураганот.
На некои од островите 90% од територијата е уништена.
Ветровите со брзина од 300 км на час ги искорнаа дрвјата и растенијата на островите.
Другите растенија се сиви заради вишок сол.
Островите кои беа рај за одмор, сега се во хаотична состојба и изгледаат многу лошо.