(ФОТО) ПАНИКА ВО ФРАНЦИЈА: Пукање во средно училиште - дали се работи за терористички напад?
Објавено во: Свет 16 Март, 2017
Повеќе лица се повредени во вооружена престрелка во градот Грас во јужна Франција.
Француската влада преку нејзината мобилна апликација издаде предупредување за терористички напад.
ТВ каналот BFMTV објави дека вооружеиот прво пукал во директорот и во уште двајца кои се полесно повредени.
Според телевизијата едно лице е уапсено, а на местото се наоѓаат припадници на антитерористичката единица.
Извори блиски до истрагата за Агенцијата АФП изјавиле дека човек со неколку парчиња оружје влегол во средното училиште Токвил и почнал да пука.