26 Април, 2024
0.1408

(ФОТО) Патувале 17 години без престан, еве кој е нивниот впечаток

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Аргентинска брачна двојка сакала да си дозволи пола година одмор, но номадскиот живот толку им се допаднал што 17 години патувале по светот. 

Ерман и Канделарија Зап сакале 6 месеци да ја истражуваат родната земја, купиле олд тајмер, ја напуштиле работата и во 2000 година заминале на пат. Сега е 2017 година, но тие уште патуваат и не се сами. 

Со нив се и 4 деца, три момчиња и едно девојче кои се родиле во текот на патувањето, а двојката посетила 73 земји. 

„Најважната лекција е дека тргнавме да го откриеме светот, а на крај се откривме самите себе“ - вели Ерман Зап кој сега се наоѓа со семејството во Шпанија. 

Тие на меѓународен саем за туризам во Мадрид ги споделиле своите искуства. 

Децата се родени во различни земји и тоа САД, Аргентина, Канада и Австралија, а бидејќи моментално не можат да посетуваат настава, мајката работи со нив. 

Раскажуваат дека луѓето највеќе им оставиле впечаток, иако некои им велеле дека светот е опасно место, можат да бидат ограбени и убиени. 

Ерман вели дека наместо 7 светски чуда, виделе 7 милијарди чуда. 

Додава дека секаде луѓето им отворале врати, престојувале во 2.000 приватни куќи, а пред да стигнат во Шпанија добиле 400 повици. 

На прашањето од што живеат, вели дека пишуваат книги, држат предавања и изработуваат украсни предмети, а се случило во Еквадор да останат без пари. 

На овој начин со продажба на акварели и други приходи се финансиски независни, а дома ќе се вратат на крајот на годината. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти