28 Март, 2024
0.0231

(ФОТО) Плажа Циганка, непроценлив Јадрански бисер: Убавина која е одмор за душа и тело

Објавено во: Стил 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Ако копнеете по тишина, недопрена природа и рајски плажи од кои застанува здив, Лопар е вистинска дестинација за вас.

Преубавиот Лопар скриен на островот Раб во Хрватска, и идеален е доколку вашата желба е да ја одморите душата и телото. Фактот кој оди во прилог на тоа е и тоа што СиЕнЕн го прогласи ова место за најпосакувана островска дестинација за туристи во светот.


Причината за тоа се рајските плажи карактеристични со песочни карпи и недопрена дива природа, кои најдобро ги опишува плажата Циганка.

Циганка е една од 3 нудистички плажи во Лопар. Оваа волшебна „робинзонска“ плажа е свртена кон островот Гргуру и е оддалечена околу километар од самиот Лопар. До плажата може да се дојде  пеш или со автомобил, најблизу 100 метри од плажата. После тоа може да продолжите пеш.

Во неколку диви брегови кои ги краси тиркизно море може да го изберете своето песочно или камено катче само за себе, без разлика дали сакате нудизам или сепак преферирате костими за капење, а ќе ве воодушеви и многу интересната и необична природна појава како песочни пирамиди.


Затоа, ако планирате да летувате во Хрватска, не пропуштајте го уживањето во поглед на преубавата природа од плажата Циганка.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи