26 Април, 2024
0.0272

ФОТО: Пловечкиот град за богатите во Монако

Објавено во: Стил 16 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

162-метарската јахта на Роман Абрамович „Eclipse“ ќе изгледа како  минијатура во споредба со суперјахтата „Улиците на Монако" (Streets of Monaco), која претприемачите од кнежеството планираат да ја изградат. Таа и не личи на јахта или крузер, туку на вистински пловечки град со згради, приватни вили, казина и хотели со плажи и базени. Архитектонскиот проект всушност предвидува пловечки остров кој е делумна реплика на дел од Монако. „Улиците на Монако" се уште е во фаза на дизајнирање, но веќе се знае дека цената на нејзината изградба е околу 1 милијарда долари, коментираат авторите на проектот „Yacht Island Design“. Проектот нема да се прави за туристите, туку за купувачите на луксузни недвижности, кои одлучиле да се имаат свој лебдечки стан. Во гратчето ќе има седум ВИП-апартмани. Нестабилниот град е поделен на станбена зона, бизнис центар со канцеларии, хотелски дел и рекреативен дел. Срцето на овој комплекс ќе биде казиното со бројни сали.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти