19 Април, 2024
0.0250

(ФОТО) Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон следени од окото на јавноста: Двојката тајно оружје на Кралицата?

Објавено во: Стил 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон пристигнаа вчера во тридневна посета на Германија, придружени со нивните деца - принцот Џорџ и принцезата Шарлот. 

Вилијам и Кејт пристигнаа во Берлин од Полска и нивната прва станица беше комплексот на канцеларијата на канцеларката, каде имаа официјален ручек со Ангела Меркел.


Локалните медиуми ја опишаа посетата на кралското семејство како „офанзива со шарм“ покрај тековните разговори меѓу Лондон и Брисел за Брегзит. Според нив одамна планираната посета е совпадната успешно со водењето на разговорите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, а „Зидојче цајтунг“ го утврди кралското семејство како „тајно оружје на Нејзиното височество“, а посетата „дипломатска мисија“.

„Вилијам и Кејт се во Германија со своите деца, за да го разведрат расположението“, пишува „Ди Цајт“.


Додека беа во Берлин принцот и неговата сопруга се сретнаа со публиката пред Бранденбуршката порта, го посетија Меморијалниот центар за холокаустот во Берлин, и се сретнаа со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. 

Денес (четврток) двојката ќе замине за Хајделберг, каде ќе учествува во трката во веслање. Во петокот тие ќе го посетат Хамбург, каде што ќе ја разгледаат новата концертна сала „Elbphilharmonie“. 

Пред тоа во Полска двојката се сретна со нобеловиот лауреат за мир Лех Валенса и посетија поранешниот нацистички концентрационен логор.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре