(ФОТО) Продавач на јагоди со креативна реклама мами купувачи
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2017
Било која продажба да ја правите, маркетингот е многу важна работа. Затоа еден продавач на јагоди од соседна Србија одлучил да направи нешто за што зборува цел регион.
Имено, тој одлучил да направи табла со реклама. И тоа не обична!
„Домашни јагоди послатки и од туѓа жена“, пишува на таблата која е украсена со нацртани јагоди.
Marketing pic.twitter.com/TSZBx1V4Ox
— Mala Djukanova (@djukanova) May 13, 2017
Коментарите на социјалните мрежи велат дека продавачот баш се потрудил, а неговата реклама почнала да се споделува и да ги смее интернет корисниците.