Добивај вести на Viber
На плоштадите низ Љубљана вечерва се собраа неколку илјади луѓе. Полицијата со заштитна ограда го осигуруваше подрачјето околу парламентот.
Незадоволни од економската состојба и од политичката елита во земјата, протести имаше и во Марибор и други поголеми градови во Словенија, а своето присутво на Фејсбук го потврдиле 11 илјади луѓе.
Полицијата пред почетокот на протестите запленила 15 шишиња со молотов коктел и камења.
Организаторите на протестите изјавија дека не се ниту за левата, ниту за десната опција.
Протести се очекуваат да се одржат и утре кога заклетва треба да даде новоизбраниот претседател на Словенија Борут Пахор.