(ФОТО) Пукање во Висконсин на три локации - има и мртви
Објавено во: Свет 23 Март, 2017
Полицаец и три лица се убиени на три локации во Висконсин во САД.
Пукање имало во банка, во зграда и во адвокатска фирма.
Официјални лица не дадоа детали за убиените, но соопштија дека веќе нема опасност за граѓаните.
Околу 100 полицајци водат истрага и детали ќе има во текот на денот.
Пукањето се случило во текот на краток временски интервал. Од првото до второто пукање имало 10 минути разлика, а третото се случило во 13.30 часот.