26 Април, 2024
0.0262

(ФОТО) РУСКА БАРБИКА: Оваа девојка е толку убава што родителите и забраниле сама да излегува од дома!

Објавено во: Стил 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Светот може да биде опасно место, посебно за девојки, но изгледа дека родителите на оваа Русинка отишле предалеку кога е во прашање нејзината заштита.

Анџелика Кенова речиси никогаш не го напуштила сама својот дом, а кога тоа се случи, секогаш е во придружба на неколку телохранители, бидејќи наводно е толку преубава што нејзините родители мора да ја штитат на тој начин.

Ако ја погледнете малку подобро, ќе забележите дека изгледа како вистинска Барбика.

„Додека растев, родителите ме подигаа како вистинска принцеза и никогаш не ме пуштаа надвор, да излегувам со други деца и затоа немам искуство какво што имаа другите девојки. Затоа сега не сум во состојба да водам нормален живот, јас сум како кукла. Уште додека бев девојче родителите од мене правеа Барбика и затоа му е драго што и луѓето така ме доживуваат. Барбика им е идол на девојките ширум светот“, раскажува Анџелика.

Таа исто така тврди дека не го менувала своето тело по хируршки пат и дека секое делче од неа е целосно природно.

Според нејзините зборови, за тоа се одговорни нејзините родители кои ја тераат да вежба за да го задржи совршеното тело.

Анџелика се надева дека еден ден конечно ќе успее да ја напушти стаклената палата во која моментално живее и ќе започне сопствен живот.

Повеќе фотографии може да погледнете на нејзиниот фејсбук профил тука. ..

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти