20 Април, 2024
0.0254

(ФОТО) САМО ЗА ЧИТАЧИТЕ: Погледнете како изгледа најголемата библиотека во светот

Објавено во: Стил 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Рајот за сите хартиени стаорци е тука, на Земјата. Тоа е Британската библиотека во Лондон. Ако сакате да читате, таа задолжително треба да падне во Вашата листа на места за посетување. 

Зошто ? Иако не е најубавата во светот, таа е најголемата според бројот категоризирани дела. 

Таму се чуваат над 170 милиони книги, ракописи, списанија, весници, музички снимки, журнали и слики. Затоа не е изненадувачки дека библиотеката привлекува 1,75 милиони посетители годишно. 

За среќа има доволно простор - истовремено таму можат да читаат 1.200 лица, пишува Travel and Leisure.

Ако еден посетител зема по пет работи од библиотеката секој ден, ќе му требаат 80 000 години да ги прочита сите дела. Но, сепак, повеќето од нас имаат ограничено време, па затоа - ако некогаш одите таму - не пропуштајте да ги видите богатствата како Магна Повелба и оригинални текстови на "Битлси", рачно напишани од членовите на бандата. 

Во изложбените сали можат да се разгледаат и ракописи на "Џејн Eре", "Беоулф" и други класични дела. Британската библиотека всушност воопшто не е стара - таа е основана во 1973 година а нејзината зграда е најголемата изградена во Велика Британија во XX в. 

Внатре има и доста пријатно местенце за кафе.

Уживајте во фотките


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган