25 Април, 2024
0.0266

(ФОТО) Сино море, бел камен, волшебни плажи -ова ќе го најдете на овој остров

Објавено во: Стил 27 Април, 2019

Добивај вести на Viber

 Крф е меѓу првите острови кои се свртија кон туризмот и денес има сè што неговите посетители можат да посакаат. Заради благата медитеранска клима и големата влажност,тој изобилува со бујна вегетација и диви растенија, поради што го носи епитетот „еден од најзелените острови во Грција“. Крф се одликува со совршен спој на бои: синилото на морето , белилото на каменот, зеленилото од чемпресите, волшебни плажи...

Северниот дел од островот е поголем и планински. Крајбрежјето е туристички развиено и располага со убави камени плажи. Јужниот дел од островот е помал и таму песочните плажи се позачестени.

Крф го добил името по нимфата Керкири која богот на морето Посејдон ја грабнал и заробил на островот.

За време на венецијанското управување со островот посадени се преку 4 милиони стебла на маслинки. Со години производството на маслиново масло било главен извор на заработувачка на локалното население. Во архитектурата е видливо влијанието на  венецијанската, француската и британската архитектонска школа.

Бидејќи од еколошки причини не е дозволено запрашување на комарците, доколку одите ова лето на Крф, снабдете се со средства за заштита од комарци.

Крф е познат по вкусното предјадење „strapacadi“ (кајгана со рендани домати). Места за добар оброк лоцирани на Крф се: „Estiatorio“ (интернационална кујна), „Taverna“ (традиционални грчки јадења), „Psistario“ (скара), „Psarotaverna“ (рибна таверна), „Kafenio“ (кафетерија), „Zaharoplastio“ (кафе слаткарница). Доколку сте љубител на егзотиката, пробајте го исклучително слаткиот пијалак „kumquat“.

Ако сте поборници за „американски“ одмор тогаш „Aqualand Water Park“ може да биде вистинско место за вас.

На Крф е снимен еден од филмовите од серијалот за најпознатиот таен агент на светот – James Bond – „Само за твоите очи“ (1981).

Пролетта на Крф е импресивна и им ја нуди на посетителите привилегијата да уживаат во богатата вегетација и колорит.

Прославата за велигденските празници со тек на време стана незаборавно доживување на Крф.

Летото, се разбира, е најпопуларната сезона на Крф, благодарение на кристалната вода и прекрасните плажи, на кои туристите поминуваат безброј безгрижни часови.

Есента е сезоната на гроздоберот, периодот во кој цел остров мириса на грозје. Ова годишно време можеби е најдобриот период за да се запознаете со секојдневниот начин на живот на Крф.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган